недела, 24 мај 2026

Приведен бегалец баран по потерница за трговија со дрога

Објавено на

часот

Сподели

„Службенци од Полициското одделение Групчин – СВР Тетово, врз основа на наредба од Основен суд Тетово, го привеле Ф.О.(33) од с.Желино за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” по член 215 од Кривичниот законик“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Осуденикот бил спроведен до Казнено-поправната установа Затвор – Тетово за издржување на казната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ