Според информациите од полицијата, на 12 март 2025 година полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Струмица извршиле претрес на две локации каде што престојувал пријавениот.
При претресот биле пронајдени и одземени повеќе видови наркотични и психотропни супстанци, меѓу кои МДМА, марихуана, хашиш, како и семки од растението канабис и други предмети поврзани со делото.
По целосно документирање на случајот, против А.П. е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.






