Осомничениот на 15 октомври 2021 година, во општина Лозово бил забележан како дава пари на граѓани за да гласаат за независен кандидат. Со потврда одземена е документацијата и паричните средства кои биле пронајдени кај осомничениот.
Осомничениот е задржан во полициска станица. По дадени насоки на Обвинителството, полициските службеници прибираат известувања од лицата кои ги примиле паричните средства во висина од по 3.000 денари.
Се преземаат и други дејствија за расчистување на настанот.






