
Како што информираат од СВР-Штип, за случајот е известено Основното јавно обвинителство во Делчево и по насоки од јавен обвинител извршен е разговор со повеќе лица.
Паричните средства во висина од 3.000 денари се одземени. По комплетирање на службената документација од страна на ОВР Делчево ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Делчево по чл.162 ст.1 и 2 вв ст.3 од КЗ.
Ова е втор случај на поткуп на гласачи во источниот регион, на територија на СВР-Штип. Првиот беше во општината Лозово.






