недела, 24 мај 2026

Полицијата кај неколку лица пронајде марихуана

Објавено на

часот

Сподели

Единицата за интервентна полиција СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода А.Н.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана.

Приближно половина час по полноќ вчера исто така во Карпош бил приведен Д.Д.(25) од Неготино кај кого била пронајдена марихуана.

Од министерството информираат дека вчера малку по полноќ полициски службеници во Кисела Вода го лишиле од слобода Ј.П.(34) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. 

По документирање на овие три одвоени случаи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци против овие лица, велат од МВР.

Во петокот час и половина пред полноќ на магистралниот пат Кичево-Охрид, од полициски службеници од ОВР-Кичево бил лишен од слобода Д.П.(23) од Кичево кој бил во патничко моторно возило „киа пиканто” со охридски регистарски ознаки, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ