
Полицијата во Скопје изрече и четири мерки за неносење на сигурносен појас, 6 за минување на црвено светло, 5 за возач почетник, 11 за користење на мобилен телефон, 33 прекршоци што ги чинат пешаците, како и 50 за непрописно паркирање.
Од вкупниот број санкционирани возачи во земјава, а кои возеле со брзина поголема од дозволената, 20 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената, а две возила се движеле над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Изречени се санкции за 141 возач кои ја пречекориле брзината во населено мести и 187 надвор од населеното место
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.






