недела, 24 мај 2026

По кражба и напад врз полицаец, кај 24-годишен скопјанец најден амфетамин

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во 16.30 часот на подрачје на Гази баба од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода Д.Т.(24) од село Марино, скопско, поради постоење основано сомнение дека сторил кривични дела „тешка кражба” и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” казниви по чл.236 и чл.383, а при претрес во неговиот дом бил пронајден амфетамин и табакера со остатоци од прашкаста материја, информира МВР.

По целосно докумeнтирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ