петок, 20 февруари 2026
Ова е прва реализирана екстрадиција на лице од Обединетите Арапски Емирати

Од Дубаи до Македонија донесен опасен бегалец осуден за трговија со оружје

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја, соопшти Министертсвото за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран Флорим Лимани (33), кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, казниво по чл. 396 ст.1 од КЗ“, соопшти Министерството.

Од МВР информираат дека ова е прва реализирана екстрадиција на лице од Обединетите Арапски Емирати, кое нашата држава го бара со меѓународна потерница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ