недела, 24 мај 2026

Обвинителството отвори истрага за сообраќајката со Кичеец

Објавено на

часот

Сподели

Според МВР, Кичеец возел џип мерцедес и со него биле и двајца српски државјани, кои се тешко повредени. Во несреќата учествувале и товарно возило сангјонг, во кое во несреќата загина 34-годишен жител на Гостивар, како и возило БМВ. Покрај еден загинат, во несреќата тешко се повредени уште четворица, а Кичеец и уште двајца се полесно повредени. Несреќата се случила вчера попладне на превојот Стража, во близина на Ново Село.

Затворската управа потврди дека Зоран Милески Кичеец е пуштен на медицинско отсуство од затворот во Струга, каде што ја издржува 3-годишната затворска казна откако призна вина во случајот „Рекет“, каде што беше обвинет заедно со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13.

Медицинското отсуство поради здравствени причини е издадено до 8 септември, а сѐ уште од управата не соопштуваат како лице пуштено од здравствени причини се нашло во возило со двајца странски државјани и дали здравствената состојба поради која е пуштен да се лекува му оневозможувала да се движи и да патува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ