сабота, 23 мај 2026

МВР: За три пати намален бројот на жртви во сообраќајките во август

Објавено на

часот

Сподели

Во август оваа година, како што соопшти, имаме шест жртви во сообраќајните незгоди, а во август минатата година имало 19.

„Ова е сериозно намалување, но ние продолжуваме со интензивните активности за овие бројки да се намалуваат и натаму и ги повикувам и оние граѓани што до сега не ги почитуваа правилата да ни се приклучат и сите заеднички да обезбедиме безбедни патишта. 2020 беше најбезбедна година според бројот на жртви на патиштата, но првите осум месеци од 2021 покажуваат дека оваа година е со најмал број жртви на патиштата“, рече Ангеловски.

За дополнително намалување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди, додаде, МВР продолжува со засилени контроли за санкционирање на учесниците во сообраќајот што не ги почитуваат законите.

„Во текот на вчерашниот ден санкционирани се 518 возачи поради возење со брзина поголема од дозволената, од кои седум се движеле со брзина од над 70 километри на час над дозволената брзина, а 56 со брзина над 50 километри на час над дозволената брзина. Синоќа санкционирани се и 86 пијани возачи. Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови“, рече Ангеловски.

Тој им се заблагодари на мнозинството граѓани што се приклучиле во напорите да обезбедат што е можно побезбедни патишта, како и на полициските службеници, кои на температури над 40 степени секојдневно даваа придонес за побезбедни патишта. Благодарност упати и до РСБСП, со кој заеднички ги организирале превентивните активности.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ