недела, 24 мај 2026

Момче уценувало друго момче дека ќе му објави срамотни фотографии ако не му даде пари

Објавено на

часот

Сподели

Вчера околу 16.40 часот на ул.„Борис Кидрич” во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 26-годишниот тетовец Б.Ш., поради сомнение дека во повеќе наврати го уценувал 23-годишниот Д.Ш., исто така, од Тетово, дека ќе објави компромитирачки информации и фотографии, за што подолго време барал и добивал парични средства од Д.Ш.

При лишувањето, на Б.Ш. му била пронајдена и марихуана.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирањена случајот, по што против него ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ