недела, 24 мај 2026

Момче тешко повредено откако паднало од мотор

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во 23.45 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на регионалниот пат Виница-Берово, на место викано „Кошето”, атар на с.Будинарци, М.В.(24) од с.Будинарци, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, паднал на коловозот.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Берово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ