недела, 24 мај 2026

Кривична пријава за поткуп при избори и гласање

Објавено на

часот

Сподели

На 16.10.2021, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш во дворно место на Ш.Ш. во Радовиш пронашле доводно црево со должина од околу 300 метри, кое му било дадено како подарок поврзан со избори и гласање.

По преземени мерки било утврдено дека пред дваесетина дена едно лице му ветило дека ќе организира работна машина за ископување и ќе донесе доводно црево за водовод на неговата улица, а за возврат Ш.Ш. требало да организира група жители кои на изборите на 17.10.2021 требало да гласаат за една политичка партија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ