Во полицијата во Битола К.Н. член на избирачки одбор 1446 во село Мажучиште пријавил дека А.С. го сликал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Во Тетово бил приведен Н.С. ( 62) од гостиварско Речане, поради сомневање дека учествувал во меѓусебна тепачка со друго лице во гостиварско Речане, која се случила во дворот пред Основното училиште „Лирија”, каде било сместено избирачкото место 528. Се расчистува случајот.
Во Гостивал бил приведен З.А. (36) затоа што на избирачкото место број 423, лоцирано во гостиварско СТОУ, со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок, соопшти МВР.






