Од вкупно изречените 186 мерки од страна на сообраќајната полиција во Скопје, 7 се за непрописно престигнување и обиколување, казни им се изречени и на четворица мотоциклисти, вкупно 63 лица се казнети за непрописно паркирање, а 40 возачи се казнети за брзо возење.
Од вкупно казнетите 203 возачи кои на територијата на целата држава ја пречекориле дозолената брзина, 16 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 81 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 122 надвор од населено место, соопштија од МВР.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, велат од МВР и апелираат на почитуваат сообраќајните правила и прописи.






