недела, 24 мај 2026

Кај жител на Љуботен пронајдени пиштол и куршуми

Објавено на

часот

Сподели

„Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје го лишија од слобода С.Л.(30) од с.Љуботен, скопско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен пиштол „Застава М70″ калибар 7,65 мм со 12 куршуми“, велат од МВР и информираат дека лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ