недела, 24 мај 2026

Изречени 81 казна за непрописно паркирање во Скопје, низ државата казнети 249 возачи за брзо возење

Објавено на

часот

Сподели

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 209 мерки, меѓу кои и 11 санкции за возење без возачка дозвола, девет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест мерки за користење мобилен телефон, четири за непрописно престројување и пет санкции за некористење сигурносен појас

Низ целата држава казнети се вкупно 249 возачи за брзо возење, од нив 53 во Скопје. Според регистрираното на полициските радар – уреди, 11 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 134 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 115 надвор од населено место.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, предупредува МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се придонесе за посигурни патишта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ