недела, 24 мај 2026

Истрага за скопјанец, дома одгледувал канабис, Обвинителството бара притвор

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти ЈОРМ, во својот дом на улицата „Рилски конгрес“ во Скопје осомничениот неовластено произведувал наркотична дрога – марихуана. Вчера при претрес во неговиот дом биле пронајдени две стебла од растението канабис со висина од по 130 сантиметри, со развиен корен, стебло, листови и цвет, 11 соголени гранки и четири гранчиња канабис, повеќе кутии со траги од наркотична дрога и рачно изработена цигара со марихуана.

До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ