Инспекторите констатирале непочитување на мерките согласно одлуката на Владата за ковид-протоколите. Објектот ќе биде затворен 30 дена, а сопствениците ќе добијат и парична казна.
„Интермецо“ 30 дена беше затворен и лани во октомври поради пуштање гласна музика.
Локалните инспектори на Општина Центар ова кафуле го затвори и во јули поради надминување на граничните вредности на бучава.






