недела, 24 мај 2026

Гостиварец физички ги нападнал сопругата и ќерката, Обвинителството бара притвор

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти ЈО, осомничениот синоќа околу 22.30 часот во домот во кој живеел со својата сопруга и ќерка, започнал расправија по што ги нападнал и им нанел телесни повреди.

„Тој побарал пари, но откако сопругата му кажала дека нема, започнал да ја удира со шлаканици. Потоа побарал пари и од ќерката, но откако не му биле дадени се упатил да го земе нејзиниот мобилен телефон за да го продаде. Кога ќерката се обидела да повика полиција, осомничениот зел нож од кујната и замавнал кон неа, во што бил спречен од сопругата. Тој продолжил со намерата, удирајќи ја сопругата со каиш во пределот на грбот и левата натколеница, нанесувајќи ѝ телесни повреди.  Нападот го спречил нивен роднина“, пишува во соопштението.

Од ЈО посочуваат дека осомничениот кривичното дело „загрозување на сигурноста“ го сторил на штета на неговата ќерка, бидејќи неколкупати праќал пораки на нејзиниот мобилен телефон со закани дека „ќе ја обеси“ и дека „ќе ги заколи неа и нејзината мајка“.

„Бидејќи сторените кривични дела се против јавниот ред или моралот, а особено бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори делото или дека ќе го изврши кривичното дело со кое се заканува, јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар поднесе Предлог за определување мерка притвор за осомничениот“, се додава во соопштението.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ