недела, 24 мај 2026

Го фатиле на лице место додека крадел во автомобил во Прилеп

Објавено на

часот

Сподели

Синоќа во 21:30 часот на ул.„Рампо Левката” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Д.(38) од Прилеп, затоа што бил затекнат додека извршувал тешка кражба во патничко возило „бмв”, со прилепски регистарски ознаки.

Кај него биле пронајдени и одземени предметите кои ги одзел од возилото.

И.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ