
Утрово во 01.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во влез од зграда на бул.„Борис Трајковски“, С.Р.(30) од Скопје физички ги нападнал Б.П.(21), А.С.(19) и С.С.(18), сите од Охрид, со престој во Скопје.
Еден час порано во Полициската станица Крива Паланка бил приведен Г.М.(42) од Крива Паланка затоа што околу 00.20 часот агресивно се однесувал и оштетил апарати во казино во Крива Паланка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Синоќа, пак, во СВР Тетово, Н.С.(64) од с.Доброште, тетовско, пријавил дека околу 19.00 часот во Тетово неговиот малолетен внук бил физички нападнат од малолетен соученик и уште неколку лица.
Вчера во Полициската станица Гостивар, ученик во средно училиште во Гостивар пријавил дека околу 16.30 часот во кругот на училиштето две лица од с.Добри дол, кои ги познавал, дошле и започнале физичка пресметка со него и неговите другари, при што едниот од нив со остар предмет му нанел повреда на раката.
Исто така во Полициската станица Гостивар, С.Ј.(20) од Гостивар пријавил дека околу 01.40 часот во и пред угостителски објект во Гостивар бил физички нападнат од Ф.И., М.Т. и Ѓ.Т., сите од Гостивар.
Во Полициската станица Неготино вчера било пријавено дека во двор на правно лице бил нарушен јавниот ред со физичка пресметка помеѓу Р.А.(27) и И.А.(43), двајцата од Струмица. Полициски службеници излегле на местото и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Синоќа во Полициската станица Чаир, Е.Д.(47) од Скопје пријавил дека околу 20.08 часот во неговиот двор биле фрлени две запалени шишиња. Нема повредени лица и оштетувања на неговиот дом.
Петмина скопјани К.П.(22), Б.Ј.(22), Б.С.(21), Ф.Ѓ.(21) и Х.С.(20) биле приведени ноќеска во 01.50 часот пред угостителски објект на ул.„23ти Октомври“, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
МВР работи на расчистување на сите случаи.






