Кога пријавителката и лицата кои биле со неа влегле во дворното место на Б.И. од сeло Василево, во дворот влегле С.А. и А.В. и почнале да упатуват навреди и закани кон нив. Кога пријавителката го земала телефонот да повика полиција А.В. физички ја нападнал, а кога К.П. се обидел да ја заштити и тој бил физички нападнат од А.В., а С.А. се обидел да го удри К.П. но не го погодил, стои во информацијата од струмичката полиција.
Од СВР Струмица додавават бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчитување на настанот, по што ќе се следи соодветен поднесок до ОЈО Струмица.






