„Во тек е увид на самото место на несреќата во која едно лице го загуби животот, а две се пренесени во Клиничка болница Тетово за укажување помош. На местото се полициски службеници, како и вработени на Тетовската територијална противпожарна единица која интервенираат на возилата и Итна медицинска помош. Се очекува во увидот да се вклучат и претставниците на тетовското Обвинителство“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Според првичните информации патничките возила се од марките пежо, опел и голф додека товарното возило е мерцедес.






