Од 8 до 15 октомври во повеќе наврати Р.А. и Б.Ш. со намера да ги спречат да си го извршат избирачко право, им се заканувале на А.Д., С. Д., А.И. и З.М., сите од Кочани дека ќе бидат избркани од работа и ќе им бидат одземени други права доколку излезат на гласање и гласаат за партијата чии симпатизери се.
Осомничените лица се пронајдени и повикани во ОВР Кочани, извршени се консултации со дежурен основен јавен обвинител од Кочани и против двајцата е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кочани, стои во соопштението.






