вторник, 9 јуни 2026

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

СВР Битола информира дека во битолската полиција било пријавено дека во населба „Кланица“ во Битола, кај место викано „Дрвено мовче“ во реката Драгор, било пронајдено безживотно тело.

Објавено на

часот

Сподели

Од Секторот за односи со јавност посочија дека по извршено препознавање констатирано е дека се работи за 66 годишник од Битола, за кој на 2 јуни во СВР Битола негов роднина пријавил дека се оддалечил од домот.

Лекар од Итната медицинска помош Битола констатирал смрт без траги на насилство, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола, потврдија од битолската полиција

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ