понеделник, 25 мај 2026

Американец претепал тројца полицајци во станица во Кисела Вода

Објавено на

часот

Сподели

Вчера полицајци го привеле Ф.Ф.Ш.Ч.(42) од САД, затоа што во хотел на улицата „Јордан Мијалков” се однесувал недолично, а недолично и агресивно се однесувал и кон полицајците.

Потоа американскиот државјанин бил приведен во полициската станица Кисела Вода поради сторениот прекршок против јавниот ред и мир. Додека влегувал станицата, повторно почнал агресивно да се однесува и да удира со раце и нозе по инвентарот. Еден од полицајците го предупредил да престане со насилното однесување, осомничениот се свртел кон него и му задал повеќе удари со бокс по лицето, нанесувајќи му телесни повреди. Во тој момент уште двајца полицајци се обиделе да го совладаат, но осомничениот и нив почнал да ги удира со боксови, нанесувајќи им телесни повреди. По извесно време, полициските службеници успеале да го совладаат осомничениот.

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 42-годишниот државјанин на САД. Против него ќе биде поднесена пријава за кривично дело – напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ