недела, 24 мај 2026

Агент за недвижности од Скопје си присвоил капар за станови, доби кривична пријава

Објавено на

часот

Сподели

„Во временскиот период јули-септември 2020, со намера да се стекне со  противправна имотна корист, О.С. сторил две кривични дела ‘измама‘, при што како вработен агент за недвижности во приватна агенција од Скопје, ги довел во заблуда И.К. и С.А., двете од Скопје, на кои им зел капар за продажба на два стана во изградба, но  земениот капар не го уплатил во агенцијата во која е вработен.

Извршувајќи ги овие дела О.С. се стекнал со противправна имотна корист од околу 110.000 денари“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ