
„Денеска било пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, во близина на Добарски натпатник, односно месноста ‘Еребино‘, патничко моторно возило „тојота рав‘ со американски регистарски ознаки, управувано од Ф.Л.(45) од тетовско Доброште, излетало од коловозот. Во несреќата, Ф.Л. се здобила со тешки телесни повреди од кои починала на местото. Во тек е увид што го води Јавен обвинител, а во кој учествува и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово, информира портпаролот Марјан Јосифоски.






