Притворени се тројца прилепчани и еден од селото Десово на возраст од 33, 37, 39 и 30 години, поради грубо насилство врз вработен од обезбедувањето и болничар во болницата „Борка Талески“ во Прилеп. Според јавниот обвинител, немилиот настан се случил кога на 17 април, осомничените не само што грубо ги навредувале и им се заканувале на оштетените, туку и физички ги нападнале. Не одминало ни чувството на страв, загрозување и несигурност кај присутните сведоци. Со 30 дена притвор е одредена завршница на насилството на прилепчаните по предлог на јавниот обвинител.
30 дена притвор за напад врз болничар

ТОП ВЕСТИ





