„По преземени мерки и добиени оперативни сознанија, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Е.А.(18) поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело ‘разбојништво’ и кривично дело ‘тешка кражба’ на дрзок начин извршени на 16 септември. Со употреба на физичка сила од две возрасни жени тој одзел златeн накит“, велат од МВР.
По претресот биле пронајдени и одземени парични средства со кои Е.А. се стекнал од продажбата на украдените златни предмети.
За овој случај е информиран јавен обвинител и ќе биде поднесена соодветна пријава.






