ОВР Берово ќе поднесе 15 кривични пријави против Т.М. (42) од Кочани и К.М. (38) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени 15 кривични дела. Тие се сомничат дека во периодот од 8 март 2020 до 24 февруари 2021 извршиле осум „тешки кражби“ во цркви по член 236 од Кривичниот законик, пет „одземање на моторно возило“ по член 242 од Кривичниот законик и две „тешки кражби“ во викенд куќи по член 236 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението на МВР.