недела, 13 октомври 2024

Централниот регистар го избриша „Цар Борис Трети“ од регистарот на здруженија

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за правда Кренар Лога на 30 март годинава го потпиша решението за неусогласеност врз основа на добиеното негативно мислење од Комисијата за употреба на имиња на личности за употреба на името Цар Борис III во називот на Здружението за афирмација на културните вредности на македонските Бугари Цар Борис III Охрид.

Од Министерството за правда, во соопштение до медиумите, укажаа дека постапуваат согласно со одредбите од Законот за здруженија и фондации притоа земајќи го предвид и мислењето на Комисијата за имиња на личности.

Комисијата за употреба на имиња на личности, како што посочи Министерството за правда, смета дека евентуалното именување  на здружението со таков назив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество.

„Во образложението Комисијата наведува дека тој е одговорен за злосторства извршени за време на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна, при што се ликвидирани стотици граѓани. Посебно е потенцирано мислењето дека неговата соработка и сојузништво со Третиот рајх и нагласената антисемитска политика се најдирекно одговорни и за депортацијата и екстерминацијата на илјадници Евреи од Македонија во логорот на смртта Треблинка“, пишува во соопштението од министерството објавено на 30 март годинава.

Бугарските клубови имаа рок до 16 февруари да ја усогласат работата со измените во Законот за здруженија и фондации донесени лани во ноември.

Пред две недели од Централниот регистар беше избришано и здружението „Иван Михајлов“ од Битола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ