Стефанов се надева и дека ќе продолжи поддршката од Владата со цел, како што напомена, ЕСМ да работи продуктивно, во интерес на граѓаните, за цената да не се зголемува и да нема рестрикции.
„Очекуваме Ретулаторната комисија за енергетика (РКЕ) согласно роковите да си ја заврши работата, односно да ги проектира цените. Нашите односи со БЕГ се коректни. Во овој момент мислам дека се одвиваат тие должничко-доверителски односи и се надевам дека на краот тоа ќе заврши како што треба. Очекувам некаде почетокот или средината на септември дека ќе ја имаме веќе цената на парното греење“, истакна директорот, одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот за заем со ЕБОР.