Од ЦУК посочуваат дека има заврнато мало количество на снег кој е кашест и се топи. Во Скопскиот регион, до сега нема зголемен водостој на реките кои би предизвикале излевање од речните корита.
Од РЦУК – Куманово информираат дека Северисточниот регион – Општина Куманово, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Кратово, сите магистрални регионални и локални патни правци се проодни, собраќајот се одвива тековно во зимски услови. Врнежи од дожд 5,1 м2 измерени во 08:00 часот, додека врнежите од снег има во повисоките места од 5 до 10 cm.
Од РЦУК – Тетово известуваат дека на патниот правец Попава Шапка – Тетово, и Гостивар – Стража и Маврово има снег со слаб интензитет. Екипите на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта се на терен и интервенираат доколку е потребно.