ЦУК наведува дека денеска продолжува гаснењето на активните 11 пожари. Во билтенот повторно на прво место е наведен пожарот во регионот на Јасен кој гори речиси еден месец. Во моментов е активен кај викенд населба Белица, каде гори борова шума.
Активен е и пожарот на Галичица во атарите на општините Ресен и Охрид. Пламените јазици се локализирани на исток во правец на селата Лескоец и Стење, Општина Ресен, додека на охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа горинискостеблеста вегетација и букова шума.
Во Општина Долнени гори кај селото Дебреште, крак кон селото.Зрзе, како и крак кон селото Крапа, во Општина Македонски Брод, каде гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева.
Во Општина Кичево има пожар кај селото Цер на планина Лубин, но е проширен кон селата Брезово и Зашле, во Општина Демир Хисар. Гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева и ниска вегетација.
Во Општина Пласница, кај селата Пласница и .Латово, Македонски Брод запалена е нискостеблеста вегетација.
Aктивен е пожарот во мешана шума над селото Гари во планината Стогово.
Кај Мокрени, Општина Чашка гори нискостеблеста дабова шума и високо квалитетна дабова шума.
Во Општина Долнени кај селото Небрегово гори ниска вегетација, а пожарот е префрлен од Општина Чашка на планината Мукос.
Не се локализирани и пожарите во Општина Пробиштип. Кај селото Неокази зафатени се борова шума и сончеви панели, додека кај селата Трипатанци и Бунеш е зафатена нискостеблеста шума.
Продолжува да гори мешана шума и над селото Врбен во Општина Маврово-Ростуше.
Како што изјави вчера директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, надежите се дека денеска можно е врнежи од дожд да им помогнат на пожарникарите во гаснењето на пожарот.