Од ЦУК додаваат дека врнежите биле најобилни во западните делови на Македонија, но дека тие биле добредојдени, во поглед на подобрување на општата хидролошка состојба во земјава.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека денеска зголемен водостој, во споредба со просекот за септември, има на реката Вардар, на мерните места Јегуновце, кај вливот на Лепенец во Скопје, Велес и кај Демир Капија. Зголемени водостои има и кај реките Пчиња, Бабуна и Струмица, кај Сушево.
Според прогнозите, врнежливото време се очекува да продолжи и во текот на денешниот ден, повторно без опасност од појава на високи водостои и без можност за поплави.
Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а од петок се очекуваат нови врнежи од дожд и локална појава на грмежи. В сабота ќе дува засилен северен ветер, кој во наредните денови ќе услови опаѓање на температурата на воздухот и ќе биде под просекот за овој период од годината.