петок, 21 март 2025

Црногорците ги бојкотираа продавниците намалувајќи им го прометот за 30 отсто

Поради бојкотот на продавниците во саботата, 8 февруари, петте најголеми трговски ланци во Црна Гора забележале пад на прометот од 30,23 отсто, во однос на 1 февруари, покажуваат податоците на даночната управа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што објави црногорската агенција МИНА, продавниците на  февруари оствариле промет вреден 2,96 милиони евра, додека прометот на 1 февруари, кога немало бојкот, изнесувал 4,24 милиони евра.

Податоците на даночната управа покажуваат дека прометот најмногу паднал во централниот регион на земјата, за 35,6 отсто.

Северниот регион забележал пад на прометот од 30,62 отсто, додека во јужниот регион на касите во продавниците имало 21,5 отсто помалку пари.

Бројот на издадени сметки бил помал за 18,15 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ