вторник, 15 октомври 2024

ЦИА бара доушници од Кина, Иран и Северна Кореја

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) соопшти дека почнала нова акција за регрутирање доушници во Кина, Иран и Северна Кореја, тврдејќи дека претходно успешно ангажирала Руси.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

ЦИА објави упатства на мандарински, фарси и корејски на своите налози на социјалните мрежи Икс, Фејсбук, Инстаграм, Линкдин и на дарк веб за тоа како безбедно да контактираат, наведе портпаролот на ЦИА во соопштение, пренесува Ројтерс.

„Нашите напори на овој фронт беа успешни во Русија и сакаме да обезбедиме поединци во други авторитарни режими да знаат дека сме отворени за соработка“, кажа портпаролот, додавајќи дека ЦИА се прилагодува на засилената репресија на државата и глобалниот надзор.

Желбата на ЦИА за разузнавачки податоци порасна откако Кина почна да ја проширува соработката со Русија и Иран.

Русија, Кина, Иран и Северна Кореја во американската разузнавачка заедница се познати како „тврди мети“ – земји во чии влади е тешко да се пробие.

ЦИА почна со обидите за регрутирање Руси во 2022 со објавување текстови на руски јазик на своите налози на социјалните мрежи за тоа како безбедно да ја контактираат агенцијата, по што следеа и видео снимки во 2023.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ