За разлика од Лига на шампиони и Лига Европа, во Конференциската лига имаше шест шешири, секој тим ќе одигра по шест натпревари. Оние кои ќе се пласираат до осмото место одат директно во осминафинале, а тие од 9. до 24. место ќе разигруваат за пласман таму. Остнатите екипи ќе испаднат.
Дарко Чурлинов со Јагелонија ќе се соочи со: Копенхаген, Молде, Олимпија Љубљана, Млада Болеслав, Петрокуб и Целје.
Голманот Дамјан Шишковски со екипатана Борац ќе игра против: ЛАСК Линц, АПОЕЛ, Oмонија, Шамрок Роверс, Панатинаикос и Викингур.
Екипата на Челси секако е најзвучното име во Конференциската лига, а тие ќе играат против: Гент, Хајденхејм, Астана, Шамрок Роверс, Панатинаикос, Ноа.