Во следниот период нема да гледаме написи за новото трио „БМВ“ на Реал Мадрид, Џуд Белингем се повреди на тренинг во петокот.
„Нема нешто што мразам повеќе од тоа да пропуштам натпревар, но морам да пронајдам некоја светла точка во сето ова. Можеби моето тело ми вели дека ми е потребен одмор по напорната година“ – порача Англичанецот.
Реал Мадрид и Карло Анчелоти нема да можат да сметаат на Џуд Белингем помеѓу три и четири недели, и тој во составот ќе се врати по паузата за настапи со репрезентациите.
По вестите за повредата на Џуд Белингем, Марка излезе со интересна сторија и објави дека многу луѓе го немаат мускулот кој му направи проблем на Англичанецот, се претпоставува дека околу 10% од луѓето го немаат тој мускул.
Се работи за плантарен мускул, тенок мускул кој оди од зад коленото, преку листот на ногата па се до петата.