За подлогата:
Загрејте ја рерната на 170 степени. Обложете го калапот за торта (или тава) со дијаметар 23 см со хартија на дното и подмачкајте ги страните.
Соединете ги состојките за подлогата, сè додека не станат рамномерно масни. Истурете ја смесата во калапот за торта и со помош на чаша со рамно дно притискајте ја на дното и на страните за еднакво да се распореди.
Печете ја подлогата 10 минути, па оставете ја на страна да се излади.
Надворешната страна на калапот обвијте ја со големо парче алуминиумска фолија. Обвиениот калап ставете го во голема тава за печење, во која сте додале зовриена вода (водата треба да биде до половина калап); фолијата ќе спречи водата да навлезе во тортата.
Чизкејк-филот:
Намалете ја температурата на рерната на 150 степени.
За да го направите филот за чизкејк, измешајте ги крем сирењето, шеќерот и брашното во голем сад за матење и матете на мала брзина додека целосно не се соединат и изедначат. Задолжително матете со мала брзина за да го намалите количеството воздух во тестото, што може да предизвика пукнатини. Изгребете ги страните на садот.
Додадете ги киселата павлака, екстрактот од ванила и циметот. Матете на мала брзина додека убаво не се соедини.
Додавајте ги јајцата едно по едно, полека мешајќи по секое додавање за добро да се соединат. Оставете ја смесата на страна.
Филот со цимет:
Измешајте ги кафеавиот шеќер, циметот и брашното. Додајте го стопениот путер и мешајте додека не се соединат добро.
Врз подлогата истурете околу 1/4 од филот со цимет, а потоа врз него нанесете околу 1/3 од чизкејк-филот.
Повторете ги слоевите фил со цимет и чизкејк-фил уште два пати, за да има вкупно три слоја цимет и три слоја чизкејк-фил.
Посипете го преостанатиот фил од цимет врз чизкејкот.
Печете 1 час и 20 минути. Центарот треба да биде печен, но сепак да се растресува.
Исклучете ја рерната и оставете ја вратата затворена 30 минути. Чизкејкот ќе продолжи да се готви, но полека ќе почне и да се лади.
Подотворете ја вратата од рерната 30 минути за да дозволите чизкејкот да продолжи полека да се лади. Овој процес помага да се спречи напукнувањето.
Извадете го чизкејкот од рерната, отстранете ја фолијата и оставете го да се излади на собна температура, а потоа ставете го во фрижидер да се стегне, 4-5 часа или преку ноќ.
Глазурата:
За да ја направите глазурата, матете ги крем сирењето и путерот со миксер додека смесата да стане кремлива.
Додадете ги екстрактот од ванила и шеќерот во прав и мешајте додека убаво не се соединат. Додадете ја слатката павлака и мешајте додека не се соединат убаво.
Извадете го чизкејкот од калапот и ставете го на чинија за сервирање, а потоа украсете го одозгора со глазурата.
Состојки:
За подлогата
200 г мелени бисквити
4 лажици шеќер
1 лажичка мелен цимет
5 лажици (70 г) путер, стопен
За чизкејк филот:
650 г крем сирење, на собна температура
1 чаша (200 г) шеќер
3 лажици брашно
1 чаша (230 г) павлака
2 лажички екстракт од ванила
2 лажички мелен цимет
4 големи јајца, собна температура
За филот со цимет:
300 г светлокафеав шеќер
5 лажици мелен цимет
100 г (3/4 чаша) брашно
1/2 чаша (100 г) несолен путер, стопен
За глазурата:
2 лажици крем сирење, на собна температура
6 лажици (90 г) путер, собна температура
1/2 лажичка екстракт од ванила
1 1/2 чаша (180 г) шеќер во прав
4-5 лажици слатка павлака