Давид Раја е четвртото засилување за „топчиите“ ова лето по Каи Хаверц, Џастин Тимбер и Деклан Рајс.
Голманот пристигнува на Емирати на позајмица од Брентфорд вредна околу 3 милиони фунти, со опција за перманентен трансфер за додатни 27 милиони фунти.
Зделката изминативе денови предизвика голема загриженост кај навивачите на Брентфорд со оглед на тоа дека Давид Раја имаше само уште една година од договорот. Многумина прашуваа дали можат да бидат изиграни од Арсенал, односно клубот од Северен Лондон да не ја искористи опцијата за перманентен трансфер и потоа беспари да го донесат голманот.
Од Брентфорд попладнево ги осигураа фановите дека нема да се случи едно вакво сценарио, Давид Раја се обврзал на нова двегодишна соработка со опција за додатни 12 месеци пред да се пресели на Емирати.
„Знам дека многу фанови се прашуваа зошто трансферот е вака структуриран, одговорот е едноставен, вака најбрзо се постигна договор помеѓу сите три страни, и сите се на исто размислување, сакаат трансферот да стане перманентен што е можно поскоро“ – вели директорот за фудбал Фил Џајлс.
„Го продолживме договорот на Давид како бекап план доколку трансферот не стане перманентен, но искрено не очекувам тој да се врати во Брентфорд“.