И новиот јавен повик се однесува за вкупно 16 линии, односно за линиите со број 9, 11, 11А, 12, 19, 20, 22, 23, 45, 47А, 52, 54, 55, 61, 63 и 73. За одржување на овие линии потребни се 115 автобуси и 245 возачи.
Од Град Скопје нема никакво објаснување за пропаднатиот мартовски повик.
Пакетите на градско-приградските линии од овој оглас се доделуваат за период до две години, со можност за продолжување, но не повеќе од вкупно пет години.
Додека градските служби одлучат, граѓаните на Скопје веќе пет месеци се без комплетен градски превоз.
Во февруари превозниците постигнаа договор со Градот, долгот да се плати и да се пријават за да почнат со работа, но засега нема ништо од тоа.
Претходно овие линии ги одржуваа приватните превозници од „Макекспрес“ и „Слобода превоз“.