среда, 15 јануари 2025

Четворица бездомници загинаа во пожар на железничката станица во Софија

Четворица бездомници загинаа синоќа во пожар во вагон на централната железничка станица во Софија, Бугарија, каде што се засолниле, соопшти полицијата.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Загрозен е животот на уште две лица на возраст од 65 и 35 години, кои се во болница бидејќи животот им е во опасност поради тешка состојба од труење со чад.

Двајца се уапсени, соопшти обвинителството, кое не ја исклучува можноста пожарот да бил намерно предизвикан.

Пожарот бил брзо изгаснат и не предизвикал прекин на железничкиот сообраќај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ