петок, 29 ноември 2024

Четири награди на традиционалната уметничка манифестација за креирање на дела од отпад

Традиционалната манифестација „Творење и креирање на дела од отпад од пакување“ го имаше својот финален настан минатата недела во Кинотека на Македонија кога беа наградени четири уникатни дела комплетно создадени од отпадни материјали. Главниот поддржувач на оваа активност е компанијата за управување со отпад од пакување „Еуро-екопак“, а голем дел од уметничките творби сега се изложени и може да се погледнат и во трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје кој е партнер во оваа општествено корисна приказна.

Објавено на

часот

Сподели

На овогодинешниот конкурс кој се одржува од 2011 година беа пријавени 320 учесници како индивидуалци или како група. За победниците одлучуваше тричлена комисија составена од етаблирани професионалци во областа на ликовната уметност.

„Манифестацијата со мото ‘Заедно за здрава животна средина’ се одржува уште од 2011 година, на предлог на компанијата „Еуро-Екопак“ и е наменета за млади на возраст од 5 до 18 години и не само во установите и училиштата во земјава туку во сите европски земји. Ние сме посебно задоволни од приложените креативни дела“, вели Харалампие Манчев, секретар во Детскиот ликовен центар.

Како што велат имало многу креативни решенија во кои се користени различни материјали како пластични чаши, шишиња, лажички, лименки, гума, жица, стакло, кутии од различен тип, картони, хартија во боја итн.

„Сакаме да поддржуваме настани од ваков тип затоа што сметаме дека станува збор за едукација дека тоа што се смета за отпад е нешто што може да биде повторно искористено и ставено во некој друг контекст или друга употреба. Идејата за селектирање, рециклирање и за повторна употреба е нешто што е исклучително важно за нас како земја, но и за целата планета. Навиките се создаваат на рани години и затоа сме среќни дека сме дел од еден ваков проект каде младите луѓе се едуцираат и воедно го трансфомираат својот начин на гледање и однос кон отпадот“, вели Лука Луковски, директор на компанијата „Еуро-Екопак“

Гранд-при наградата за групно дело беше доделена на ООУ„ Димката Ангелов – Габерот“ во Демир Капија. Првото место за поединечно остварување го доби Анастасија Велковска од „Вера Циривири – Трена“, второто место за поединечно остварување Матеа Корпузовска од средното училиште „Георги Димитров“ додека третото место за поединечно остварување го освои Валентин Костоски од основното училиште „Гоце Делчев“ во Прилеп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ