Од МВР информираат дека лицата се сомничат за сторени шест тешки кражби во станови. Одземените предмети биле пронајдени и ќе им бидат вратени на сопствениците.
Лицата, како што е наведено во соопштението од МВР, се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.