Лутон беше вистинскиот противник за Челси да почне да победува, тимот на Покетино не смееше да ја пропушти оваа шанса за да дојде до трите бода, така и беше.
Резултатот беше отворен во 17. минута кога по асистенција од Густо, Стерлинг постигна гол за водство на Челси од 1-0.
Тој резултат беше актуелен до 69. минута кога истите двајца фудбалери на Челси повторно стапија на сцена. Густо асистира, Стерлинг даде нов гол за 2-0.
Конечните 3-0 ги постави Џексон со погодок на 15 минути пред крајот.