Според Фабрицио Романо, Челси е во преговори со Френк Лампард за тренер до крајот на сезоната.
Клубот води разговори со Нагелсман и Луис Енрике, некој од нив треба да биде долгорочно решение, но како што сега стојат работите, тој би почнал по крајот на сезоната.
Агентите на Лампард и бордот на Челси разговараат за деталите. Наводно Френк ја прифаќа улогата на привремен тренер.
Доколку се биде во ред, се очекува Лампард наскоро да биде промовиран во тренер до крајот од сезоната. А оној кој ќе биде избран како долгорочно решение, ќе почне со работа во мај или јуни.