четврток, 10 октомври 2024
Случајот „Негреира“ е сериозна работа

Чеферин ја предупредува Барса: Можеби за Ла Лига делото е застерено но кај УЕФА нема нешто такво!

Објавено на

часот

Сподели

Минатиот месец Барселона беше вмешана во огромен скандал откако се откри дека клубот од Камп Ноу му исплатил милионски суми на поранешниот потпретседател на судискиот комитет, Енрикез Негреира.

Ла Лига не отвори постапка поради тоа што делото е застарено но обвинителството поднесе пријава и посочи дека постојат индикации дека Барселона на овој начин купувала наклонетост од судиите и влијаела врз резултатите.

Постапка отвори и УЕФА, инспектори за етика и дисциплина ќе ја чешлаат документацијата и ќе проверуваат дали „каталонците“ ја прекршиле правната рамна ка европската куќа на фудбалот.

Се говори дека постои можност Барселона да биде исфрлена од Лигата на шампиони, и првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин сега испрати предупредување.

„Ситуацијата е екстремно сериозна, би рекол една од најсериозните работи кои сум ги видел во фудбалот“ – вели претседателот на европската куќа на фудбалот.

„Не можам директно да коментирам пореди две работи. Како прво, независен дисциплински комитет е задолжен за ова, а како второ, не сум многу инволвиран во ова и не ги знам сите детали“.

„Во Ла Лига делото е застарено и не може да има спортски последици, но што се однесува до УЕФА, кај нас нема застарување на делото“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ